Кривична пријава за инвеститор од Охрид кој немал одобрение за градба

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.П. (66) од Охрид.

Пријавениот, во својство на инвеститор, без да поседува одобрение за градење издадено од надлежен орган правосилно во управна постапка, на свое земјиште-катарстарска парцела КП.бр.11188/1 КО Охрид 2, изградил станбен објект – надградба на индивидуална станбена куќа како објект од втора категорија на градби.

Во текот на август оваа година, на улицата „7 ноември“ во Охрид, при контрола на катастарската парцела, градежната инспекција–Охрид затекнала градба на станбен објект во фаза на карабина со изградени 12 армирано бетонски столбови сo висина од 2,45 метри изѕидани со надворешни ѕидови. Незаконската надрадба била со димензии 8,оо x 11,20 метри, па со неа се оформил објект од П+1 кат. По ваквиот констатиран наод, градежниот инспектор му издал наредба на пријавениот во рок од осум дена да ја отстрани нелегалната градба.

Бидејќи Ѓ.П. не ги почитувал издадените акти за отстранување на бесправно изградениот објект, градежниот инспекторат, донесол заклучок за дозвола за извршување администаративно-присилно извршување под закана за рушење.