Потпишан договор за соработка помеѓу МОК и Факултетот за физичкo образование, здравје и спорт

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет Васил Тупурковски и деканот на ФФОЗС, Вуjица Живковиќ денес потпишаа Договор за соработка кој произлегува од големата потреба за развој на двете институции во рамките на организирање на заеднички активности во областа на Олимпизмот, спортoт и физичкото образование.

Двете институции заеднички ќе работат на изготвување на заеднички проекти за развој на врвниот спорт и посебно на програмите на олимписките кандидати, а заеднички ќе организираат и стручни едукативни настани насочени кон јакнење на спортскиот систем во Република Македонија.