Министерот Адеми присуствуваше на доделувањето на титулата почесен доктор на науки „Доктор хонорис кауза“ на академикот Красниќи

Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, на покана на ректорот на Политехничкиот Универзитет во Тирана (ПУТ), присуствуваше на церемонијата на доделување на титулата почесен доктор на науки „Доктор хонорис кауза“ на академикот Фејзулах Ибрахим Красниќи.

Во своето обраќање, Адеми истакна дека со доделување на оваа академска титула, Универзитетот му оддава лична почит на академикот Красниќи, но истовремено изразува и почит кон институциите каде тој се образувал и каде работи.

„Чест ми е што денеска присуствувам на церемонијата за доделување на титулата почесен доктор на науки „Доктор хонорис кауза“ на академикот Красниќи. Чест ми е бидејќи оваа титула се доделува од страна на познат универзитет од Албанија, Политехничкиот универзитет во Тирана, каде што и јас ги завршив студиите.

Иако академик Красниќи е роден во Косово, неговата академска кариера се развива и во Македонија и Албанија. Доделувањето на оваа титула е поттик за мотивација и усовршување на сегашните и идните генерации на инженери Албанци. Факт е дека Вие не ги почитувате само институциите каде што е образован и работи во моментов академик Красниќи, туку и институциите на Албанците во Македонија. Честитки и успех на Политехничкиот универзитет и академскиот кадар во Тирана„ истакна министерот Адеми.