Поднесете барање за отпис на камати од социјални придонеси, рокот истекува до крајот на годината

Управата за јавни приходи потсетува дека можноста за поднесување на барање за отпис на камати за социјалните придонеси е до крајот на годината.

Сите работодавачи, самовработени лица, индивидуалени земјоделци, верски службени лица или државни институци (подносители на пресметки на бруто плата) можат да поднесат Барање за отпис на камати (образец “БОК-ПЗСО/1“) до Управата за јавни приходи, најдоцна до 31 декември 2015 година.

Право на отпис на камати има секој обврзник кој најдоцна до 31 декември ќе поднесе барање “БОК-ПЗСО/1“за отпис на камати по основ на достасани обврски за социјални придонеси:

• кои настанале во периодот од јануари 2009 година заклучно со декември 2014 година, односно кои произлегуваат од месечни пресметки на бруто-плата (МПИН) за период најрано од јануари 2009 година, а најдоцна до декември 2014 година;

• се утврдени со конечна месечна пресметка на бруто-плата (МПИН);

• не се платени на денот на поднесување на барањето.

Барање “БОК-ПЗСО/1” може да се преземе од веб страницата на УЈП (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/163).

За повеќе информации во врска со условите за остварување на правото на отпишување на камати преземете го соопштението „Поднесување на Барање за отпис на камати од социјални придонеси до 31 декември 2015 година“ од 01.07.2015 година (види http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/522) или контактирајте не преку Инфо центарот 0800 33 000.