Конкурсот „Млади поети“ продолжен до 2 ноември

Конкурсот „Млади поети“ за прв пат беше објавен на 09 октомври 2015 година со цел поттикнување на младите луѓе креативно да се изразат и да ги покажат своите поетски творби пред јавноста.

Во досегашниот период до Агенцијата за млади и спорт пристигнаа поголем број на поетски творби, при што поради овозможување на учеството на поголем број на млади луѓе и нивно поттикнување да бидат дел од овој конкурс, Агенцијата за млади и спорт одлучи истиот да биде продолжен до 02 ноември 2015.

Делата треба да се достават на следната адреса:

Агенција за млади и спорт

Сектор млади

Ул. Македонија, бр.38,

1000 Скопје

Со назнака „за Конкурсот Млади поети “

Или лично, во Архивата на Агенцијата за млади и спорт.

Кандидатите своите дела треба да ги достават во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај“, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот. Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот. Во затворениот плик треба да има уште два затворени и запечатени плика, од кои едниот со ознака „творби“, во кој ќе се наоѓаат творбите потпишани со шифра, а во другиот теба да се наоѓа документација за идентификацијата на испраќачот како и шифрата.

На конкурсот можат да учествуваат млади луѓе на возраст од 15-29 години кои ќе достават најмногу две творби. Делата ќе бидат оценувани од страна на комисија составена од членови на Друштвото на писатели на Македонија. Секој автор ќе биде застапен во збирката која ќе биде објавена кон крајот на 2015 година.