Едукативни работилници за HACCP и за новините во означувањето и во Охрид, Струга и Битола

По вчера одржаната регионална работилница за интензивирање на имплементацијата на HACCP во угостителските објекти и за новините во означувањето на храната, која за операторите со храна од Струга и Кичево се одржа во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и Стопанската комора на Македонија, денес, едукативна работилница се одржува и во Охрид.

Со серијата едукативни работилници за новините кои произлегуваат од Законот за безбедност на храната и за интензивирање на HACCP системот за безбедност на храната во угостителските објекти во Република Македонија, денес се одржува едукативна работилница и за компаниите од Охрид.

Утре, стручни лица од Агенцијата и претставници од Стопанската комора на Република Македонија, во Битола, ќе одржат едукативна работилница и за операторите со храна од Битола, Ресен и од Прилепскиот регион.