КК „АВ Охрид“ во сабота ќе игра против КК „Пелистер“

Кошаркарите на „АВ Охрид“ во сабота (31 октомври) во Спортската сала „Билјанини Извори“ ќе го одигра вториот натпревар во Втората Македонска кошаркарска лига, против екипата на „Пелистер“ од Битола.

Од клубот ги покануваат сите љубители на кошарката да дојдат во сабота во 19:00 часот и да ги бодрат охридските кошаркари.

WebOhrid