Во одвоени случаи пронајдена дрога кај две лица од Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Т.(39) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 14.07.2015 година, од страна на полициски службеници е извршен претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени пет саксии во кои имало засадено канабис.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Д.(47) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 14.08.2015 година, во 23,50 часот, во Охрид во домот на пријавениот од страна на полициски службеници биле затекнати Ѓ.Б.(41) и Н.М.(38) од Охрид, а при извршен преглед кај Ѓ.Б. била пронајдена паковка во која имало наркотична дрога хероин, која претходно ја набавил од лице од Струга. Од преземени мерки дрогата што била пронајдена била одземен од страна на полициските службеници.