Отслужена литургија за празникот „Свети Константин Кавасила Архиепископ Охридски“

Денес за првпат на свечен и торжествен начин беше прославен прочуениот Охридски архиепископ, светиот Константин Кавасила, кој никогаш не бил заборавен, но и никогаш не бил толку прославен.

Имено, денеска, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, се прослави споменот на свети Константин, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, архимандритите Нектариј и Партениј, протоерите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески, Стевчо Тошевски и Игор Никовски, еромонахот Макариј, свештениците Васко Голабоски, Љупчо Симиџиоски, Ромео Петрески, Димче Азески, Ѓорѓи Блажески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконите Сашо Ристов, Николче Ѓурѓиноски и Влатко Стојменов и ѓаконите Сашо Целески и Христијан Костоски.

По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Иларион се обрати кон верниот народ со пригодна беседа. Пои Литургијата, беше промовирана и новата книга, посветена на светиот Константин Кавасила, а промотор на книгата беше дипломираниот теолог Виктор Недески, кој воедно е и автор на книгата.