Вчера издадени 2.751 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 04.11.2015 издадени се потврди на вкупно 2.751 странски државјани, од кои 1.408 се од машки пол, 491 се од женски, 689 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 163 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан –1.370, Сирија-1.099, Ирак-122 додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 04.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 214.343 странски државјани, од кои, 129.615 се од машки пол, 31.518 се од женски, 42.636 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 10.574 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-137.006, потоа Авганистан-45.451, Ирак-16.310, Пакистан-4.515, Иран-3.813, Палестина-1.758, Сомалија-1.080, Бангладеш-990, Конго-504, Мароко-291, Алжир-281, Нигерија-264, Либан-255, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 04.11.2015 до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 04.11.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 04.11.2015 година евидентирани се вкупно 3 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 3 баратели на азил ( малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови
02.11/ 21.00 ч. – 04.11 / 21.00 ч.

Табановце

Укажана прва помош на 226 лицa
Вода 148 литри
Пакети со храна: 7 ( дополнително 200 сендвичи , донација од Прокредит банка)
Пакети со хигиена:6
Млеко за бебе:4
Бебе сет 3
Ќебиња: 56
Чоколадно млеко 24
Пелени за бебе 7

Гевгелија
Укажана прва помош на 1625 лица
Вода 859 литри
Пакети со храна: 76
Пакети со хигиена:31
Бисквити: 21 кутии ( х 100)
Бебе сет 17
Прва помош 20
Ќебиња: 792
Млеко 21
Вреќи за спиење 4
Чорапи 81
Шише за бебе 20
Транспорт 4 лица.