Градоначалникот Трајкоски присуствуваше на училишната лига во мал фудбал „Дебрца“

Денес започна Училишната лига во мал фудбал „Дебрца“ каде главен покровител е општина Дебрца и Градоначалникот Игор Трајкоски, а е во организација на ОУ „Дебрца“.

Оваа година во рамките на насоките од Министерството за образование и наука за подобар и поквалитетен спортски живот на младите, особено на учениците на кои најмногу им е потребен, започна да функционира Локалната лига во мал фудбал.

Промовирајќи ја максимата „ Во здраво тело-здрав дух“ учениците активно се вклучуваат преку овој проект во реализацијата на проектот за поисполнет и подобар животот на младите на овие простори.