Шекеринска: Брисел порача дека сака Македонија со европски вредности

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денес  одржа прес-конференција, на која истакна:

„Почитувани граѓани,

Среќни сме што со многу напори, со искрена посветеност кон интересите на граѓаните и Македонија успеавме да ја спасиме препораката на Европската Комисија за Македонија.

Пораката за жал после 10 години од добиениот кандидатски статус е условена и тоа е дело на несериозната актуелна власт.

Она што е добро за граѓаните на Македонија е што Вистината за Македонија оддекна и во Брисел.

Високи претставници и членови на Владата ја злоупотребиле својата моќ во сите сфери,  судството, медиумите, изборниот процес, регулаторните тела.

Има селективна правда, широко распространета корупција, закани врз новинари, сериозна загриженост за уредувачката политика на јавниот сервис МТВ.

Затоа, реализацијата на Договорот од Пржино повеќе не е очекување само на граѓаните на Македонија, туку услов Европската комисија да ја задржи препораката.

Брисел денеска порача дека Европа сака Македонија со европски вредности.

ВМРО-ДПМНЕ не сака таква Македонија.

СДСМ продолжува да работи на нормализација на државата заедно со вас граѓаните.

Одлучни сме, ја враќаме слободна и европска Република Македонија.“– изјави Шекеринска.