Обраќање на екологистот Наумоски по повод загаденоста на атмосферскиот воздух во некои градови во Македонија

Охридскиот екологист Лазо Наумоски со свое обраќање по повод Преголемата загаденост на атмосферскиот воздух во некои градови во Р. Македонија.

Според Наумоски, атмосферскиот воздух може да се загади од:

а) Природни фактори, односно по природен пат и тоа се:

– почвена прашина

– продукти на вулкански ерупции

– разни пожари

– разни биолошки разградувања

б) Антропогени фактори

Овие загадувања се поврзани со човекот кој претежно живее, работи и активен е во:

– поголемите градови

– индустриските области

– поголемите сообраќајници

„Загадувачите кои се емитираат во една држава со воздушните струења се пренесуваат на поголеми растојанија и на тој начин можат да преминуваат и дури во држави кои можеби не претставуваат извор на загадување.

Ова значи дека денешното атмосферско загадување има глобален карактер и не познава национални граници.“– вели Наумоски.

Тој потсетува дека сливното подрачје на Охридското Езеро, како и градовите Охрид и Струга од еколошка гледна точка од вакво загадување заштитени се од самото Охридско Езеро.

„Благодарение на големото испарување на водата од Охридското Езеро во текот на годината во вид на водена пареа од преку 300 милиони м3 вода.

– одржувањето на релативната влажност на воздухот во сливното подрачје на Охридското Езеро на повисоко ниво

Доколку сакаме оваа еколошка моќ на Охридското Езеро да се сочува долгорочно и биде што поефикасна, неминовно е во иднина да работиме на:

а) Преименување на шумите во сливното подрачје на Охридското Езеро во:

– заштитни шуми

– шуми од посебна намена

б) Неминовна брза гасификација на Р. Македонија и сливното подрачје на Охридското Езеро

в) Воведување на субвенции на сите оние приватни лица од сливното подрачје на Охридското Езеро кои поседуваат приватен шумски зелен појас не помалце од еден хектар

г) Националниот парк Галичица да се пошуми со шума до највисоката нејзина кота.“– додава Наумоски.