Предавање во ОУ „Григор Прличев“ на тема „Алкохолизам, никотизам и наркоманија“

Вчера во Основното училиште „Григор Прличев“ учениците од деветтите одделенија имаа можност да го проследат стручното предавање на Д-р Соња Стурлакова Димоска, во организација на Црвен крст на Р. Македонија, кој според календарот на активности ги одбележува болестите на зависност Алкохолизам, Никотизам и Наркоманија.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„Предавањето и презентацијата со големо внимание беа следени од учениците, а ваквиот тип на предавања секако дека оставаат позитивна трага за превенција од ваквите зависности.“– велат од училиштето.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA