Премиерот Груевски утре во работна посета во Охрид

Утре во посета во Охрид ќе биде премиерот на Република Македонија, Никола Груевски. Тој заедно со градоначалникот Никола Бакрачески ќе присуствуваат на свеченоста по повод почетокот со изградба на затворениот базен во Охрид и ќе ја посетат Филмската академија.

Премиерот Груевски и градоначалникот Бакрачески исто така утре свечено во употреба ќе ја стават реконструираната уица „Ристо Чадо“, а ќе остварат и средби со жителите на Лескоец и Велгошти.