Вчера издадени 4.444 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 10.11.2015 издадени се потврди на вкупно 4.444 странски државјани, од кои 2.324 се од машки пол, 805 се од женски, 1.168 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 147 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.944, Авганистан–1.625, Ирак-496, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 10.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 234.692 странски државјани, од кои, 140.059 се од машки пол, 35.101 се од женски, 47.674 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 11.858 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-148.065, потоа Авганистан-50.341, Ирак-18.465, Пакистан-4.847, Иран-4.670, Палестина-1.958, Сомалија-1.226, Бангладеш-1.065, Мароко-642, Конго-509, Алжир-349, Либан-345, Нигерија-273, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 10.11.2015 до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 10.11.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 10.11.2015 година евидентиран е 1 барател на азил, маж. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 3 баратели на азил ( малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови
09/ 21.00 ч. – 10.11 / 21.00 ч.

Табановце

Укажана прва помош на : 569 лица
Вода 1284 шишиња
Пакети со храна: 33
Пакети со хигиена:11
Бисквити: 2 кутии ( х 100)
Бебе сет 19
Ќебиња: 49
Пелени за бебе: 5 пакувања
Млеко 12
Рефус храна: суво грозје, сардини, двопек
Сендвичи од Прокрдит банка- 200

Гевгелија
Укажана прва помош на : 868 лица
Вода 2540 шишиња
Пакети со храна: 415
Пакети со хигиена:7
Бисквити: 41 кутии ( х 100)
Бебе сет 12
Ќебиња: 53
Мобилни ламби 36
Чорапи 24 пара
Транспорт 3 лица.