Заев: Нов чекор кон демократски промени во Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес во изјава за медиумите истакна:

„Изборот на преодната влада на новиот министер за внатрешни работи и за труд и социјална политика и тројцата заменици министри со право на вето е само уште еден чекор по незапирливиот пат кој што ќе ги донесе демократските промени во Република Македонија.

Почитувани граѓани, задачата на овие луѓе е да бидат контролори на целиот процес и да ја гарантираат слободната волја на граѓаните, после долги години во Република Македонија. Во нашата држава мора, треба и ќе има слобода и демократија. Учеството во преодната влада на овие луѓе е апсолутно контролна, а контролната улога е за да ја вратиме слободата во нашата земја.

На 24 Април ќе ги вратиме уставните и економските вредности за кои што сите се залагаме, а граѓаните на Република Македонија заслужуваат да ги живеат. Затоа ова денеска претставува само еден исчекор кон трајната определба на секој демократ во нашата земја предводен од СДСМ и опозицијата.“– изјави Заев.