Заев: Се чувствува првична релаксираност, следуваат демократски промени

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорката на Р.Австрија во Р. Македонија, Ренате Коблер.

Амбасадорката Колбер изрази почит кон демократските заложби на претседателот Заев и на раководството на СДСМ на патот кон разврска на политичката криза.

Заеднички е констатирано дека е од суштинска важност за иднината на граѓаните и на Република Македонија е доследно спроведување на Договорот од Пржино.

„Одлучно сме насочени кон демократски промени во Македонија. Се чувствува првична релаксираност кај граѓаните. Целта на нашето учество во Владата е да обезбедиме гаранции за фер и демократски изборен процес, а по изборите на 24 април слободна и европска Република Македонија,“ рече претседателот Заев.

На средбата се разговараше и за условите за почеток на работа на специјалната јавна обвинителка, за потребата од слободни медиуми и за проектот Визијата за Македонија којшто наиде на добар оддек кај граѓаните и експертската јавност и води кон квалитетна Програма за и од граѓаните во Македонија.