Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот останува со иста цена

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,14%, одлучи денес Регулаторната комисја за енергетика.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 , ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 02.11.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува непроменета, односно е на исто ниво утврдена со Одлуката од 02.11.2015 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,526 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 02.11.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 20,787 ден/кг.