Мартина Петровска полека, но сигурно чекори кон врвот

Викендов на стрелиштето во касарната во Битола се одржа четвртиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма на кој учествуваа околу 30-тина стрелци во дисциплините пушка и пиштол.

Нашата јуниорка Мартина Петровска со резултат од 380 кругови, се пласира на втората позиција веднаш зад Нина Балабан (386), а пред Ана Иваноска од „РЕК“ Битола, која со еден круг помалку ја зазеде третата позиција.

„Радува фактот што само по учество на неколку Купови, Мартина станува сериозна конкуренција на двете олимписки кандидатки. И останатите јуниорки на СК „Охрид“, Ангела Алексовска и Јана Маркоска со пласман меѓу првите пет. Ангела со резултат од 370 кругови се пласира на четвртата позиција, а Јана со резултат од 369 круга заврши како петтопласирана. Од најмладите јуниорки највисок резултат имаше Симеона Милеска (344), а Стефани Ефтимовска 341 круг – велат од СК „Охрид“.

Кај јуниорите пак Васко Попоски со резултат од 540 кругови се пласира на втората позиција, зад Стфан Ѓорѓиески од „РЕК,“ Битола, додека пак Иво Илинчев ја зазеде претпоследната позиција на табелата.

„Би сакале да напоменеме дека најголем парадокс за овие два јуниори-Стефан и Васко (кои во просек имаат пласман меѓу првите 3-4 позиции на Куповите и Државното првенство) е што ниту еден од нив не стана носител на стипендијата спортска надеж, што Агенцијата за млади и спорт ја доделува на најуспешните спористи, а која беше доделена пред неполн месец. Кај девојките со категорија спортска надеж се стекнаа Ангела Алексвска, Јана Маркоска и Стефани Ефтимовска.“

Се надеваме дека во иднина работите ќе тргнат на подобро, па талентот и квалитетот на овие млади и надежни спортисти ќе биде препознаен и од повисоките институции со што конечно ќе им биде овозможено своите вештини успешно да ги презентираат и надвор од границите на нашата држава.“– додаваат од СК „Охрид“.

12242220_10208565069863436_273702163_n