Македонија 0:1 Либан

Македонската фудбалска репрезентација на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, одигра пријателски натпревар против репрезентацијата на Либан.

Според ФИФА рејтингот Македонија и Либан се рамо до рамо, односно 139 и 140 место, но и покрај тоа Македонија влезе како фаворит на овој натпревар.

Натпреварот започна со мирна, претпазлива игра. Првото полувреме мина без посериозни шанси. Се залагаа и Македонија и Либан, но акциите беа без посериозна завршница. На полувреме се замина со резултат 0:0.

Само што започна второто полувреме по една нафрлена топка следуваше грешка на нашата одбрана и Либан дојде во водство од 0:1 со голот на Оумари во 47 минута. Следуваа обиди од наша страна да се дојде до противничкиот шеснаесетник и да се изедначи резултатот. Но, и покрај повеќето замени кои ги изврши селекторот Ангеловски, нашата репрезентација не успеа да постигне гол. На крајот Либан беше дури и во ситуација да го зголеми водството, но фалеше само завршница. Последните минути од натпреварот се одиграа во шеснаесетникот од Либан, кој успеа да се одбрани и да победи на овој натпревар. 

WebOhrid