Света архиерејска литургија за празникот „Собор на Свети Архангел Михаил“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре во манастирот „Свети Наум Охридски“, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на Свети Архангел Михаил“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужба ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.