Победа на РК „Охрид 2013“ против РК „Работнички“

Ракометарите на „Охрид 2013“ забележаа победа против „Работнички“ во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид.

Во цврст натпревар, охриѓани прикажаа подобра игра, водеа во текот на целиот натпревар и успеаа да забележат победа. Првото полувреме го добија со 12-9, додека пак до крајот успеаа предноста да ја зголемат и да го добијат натпреварот со резултат 24-20.

Металург и Охрид 2013 го делат првото место од ВИП Суперлигата со по 24 бодови, но тимот на Металург има 2 натпревари помалку.

WebOhrid