Поднесена кривична пријава против сторител на тешки кражби

Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција при СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Б.(36) од Скопје поради постоење основано сомнение за извршени четири кривични дела ,,тешки кражби на дрзок начин“ и едно засега непознато лице за извршено едно кривично дело ,,тешка кражба на дрзок начин“. Од страна на судија на претходна постапка на осомничениот одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Кривичните дела горепријавените ги извршиле во временскиот период од 07.10. до 10.11.2015 година, (три на подрачје на Кисела Вода и една на подрачје на Аеродром) со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 57.700.денари.

Првото кривично дело горепријавените го извршиле заедно на тој начин што додека истите се движеле со ПМВ „Шкода Фелиција“ без регистерски таблици и откако ја забележале оштетената како се движи по улицата, второпријавеното лице возејќи го возилото и пришол од десната страна, а Д.Б. ја испружил раката преку отворениот прозорец и ја грабнал чантата која оштетената ја носела и во која имало мобилен телефон, лични документи и банкарски картички по што со возилото избегале во непознат правец. Со банкарската картица од банкомат првопријавениот се обидел да извади парични средства, при што не успеал во намерата и истата ја скршил и ја фрлил во шахта во непосредна близина на банката.

Останатите три кривични дела Д.Б. ги извршил сам на тој начин што движејќи се со ПМВ „Шкода Фелиција“ со извадени регистарски таблици ги забележувал оштетените како се движат по улицата, им приоѓал од десната страна, ја испружувал раката преку отворениот прозорец и им ги грабал чантите по што со возилото го напуштал местото на настанот. Откако ќе извршел пребарување во ташните одредени предмети ги земал, а останатото го фрлал во контејнер. Првопријавениот во еден случај забележал дека на една од картиците е запишан и ПИН кодот ја зел картичката и од банкоматот и во два наврати извадил парични средства кои ги потрошил за свои потреби.

На 12/13.11.2015 година во ПС ОН Кисела Вода извршен е службен разговор со Д.Б. во кој разговор истиот го појаснил начинот на извршувањето на кривичните дела, а се преземат оперативно тактички мерки за пронаоѓање на второто засега непознато лице.

Инаку Д.Б. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти („кражба“,„разбојништво“) и кривични дела против безбедноста на јавниот сообраќај („загрозување на безбедноста на сообраќајот“).