Затворена за сообраќај дел од улица „Димитар Влахов“

Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид известуваат дека денеска, поради изградба на трафостаница на ул.„Димитар Влахов“ наспроти ЈЗУ Здарвствен Дом- Маларична, сообраќајот на пресекот на оваа улица со ул„Караорман“ и на пресекот со ул.„Серафин Китаноски“ ќе биде затворен за сообраќај од 11 до 15 часот.

За време на изведувањето на градежните работи ќе бие поставена соодветна сообраќајна сигнализација.