Едукативно предавање „Реонскиот полицаец Ве советува“ во ОУ „Кочо Рацин“

„Реонскиот полицаец Ве советува“ е насловот на едукативните предавања што СВР Охрид денес во 11 и 12 часот ќе ги реализира во основното училиште „Кочо Рацин“ во Охрид и во Долно Лакочереј.

Типизираните предавања содржат низа корисни информации за учениците поврзани со работата на полицијата, совети за безбедност на патот до училиштата и средби со непознати, совети за безбедно возење велосипед, безбедност од дрога и пиротехника, безбедност на интернет и други теми.

Предавањата, што ќе се реализираат низ сите основни училишта во општинава, пред учениците ќе ги одржи инспектор од оделението за превенција при СВР Охрид. На најмладите ќе им биде даден прирачникот „Реонскиот полицаец Ве советува“ изработен од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и мисијата на ОБСЕ во земјава.

Инаку отсекот за превенција денес напладне во Црвениот крст во Струга ќе учествува на јавна трибина за подигнување на свеста за превенција од болестите на зависност кај младите а во основното училиште „Зини Хани“ ќе се реализираат предавања на тема „Превенција од пороци“.