Дизелот поевтинува за денар, бензините остануваат со иста цена

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 42,888 $/барел и е за 6,21% пониска од просечната цена на сурова нафта (45,728 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 57,7048 ден/$ и е за 1,455% повисок од курсот на доларот (56,8774 ден/$) по кој беа формирани цените.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 2,6% или за 12,25 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 4,72% или 19,45 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 10,2% или за околу 21,52 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, рафинериските цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 3,49%.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,14%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети, односно се на исто ниво утврдени со Одлуката од 16.11.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 малопродажната цена изнесува 64,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 16.11.2015 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,530 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 16.11.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 19,257 ден/кг.