Јавна анкета и јавна презентација за ДУП за УЗ 16, дел од УБ 16.3 – опфат 2, КО Велестово и КО Охрид 4 -Општина Охрид, плански период 2014-2019, Нацрт план

Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14) и Решението за организирање на јавна анкета и јавна презентација бр. 19-770/19 од 25.11..2015 год. Градоначалникот на општина Охрид,

С О О П Ш Т У В А

ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ДУП за УЗ 16, дел од УБ 16.3 – опфат 2, КО Велестово и КО Охрид 4 -Општина Охрид,плански период 2014-2019 Нацрт план

1. Просторот на планскиот опфат за ДУП за УЗ 16, дел од УБ 16.3 – опфат 2, КО Велестово и КО Охрид 4 -Општина Охрид, оформен е од границата на планскиот опфат која се движи по Булевар Св. Наум Охридски, река Рача, сервисна улица Рача 2, Стамбена улица Ст.1, пешачка патека Пу.1 и КП 2796/1 и КП 2796/2 .

2. Јавната анкета за нацрт планот ќе трае од 30.11.2015 – 16.12.2015 год.

3. Јавната презентација за нацрт планот ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 09.12.2015 год. со почеток во 12.00 часот.

4. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци.

5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14 до 16 часот во просториите на општина Охрид.

6. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.

7. Ова Решение влегува во сила со денот на донесувањето.