Високи успеси за средношколците од „Ванчо Питошески“ на Државниот натпревар „Лидер на струка – 2015“

Високи успеси постигнаа учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ Охрид, на II државен натпревар за избор на најдобар ученик – „Лидер на струка – 2015“ кој се одржа во Крушево, во организација на Центарот за средно стручно образование и Министерството за образование и наука.

На изборот за најдобар ученик од струката учениците се натпреваруваа во теоретски знаења и практични вештини од областа на угостителството и туризмот.

Ученикот, Наум Нестороски го освои второто место во рамките на образовниот профил – келнер.

Трето место, освои ученичката Наталиjа Наумоска, којашто се натпреваруваше во рамките на образовниот профил хотелско-туристички техничар.

На натпреварот во рамките на образовниот профил – готвач, ученикот Христијан Илиоски го освои 4 место.

Ментори на учениците беа професорите Блаже Јорданоски и Војо Ангелоски.

Учениците и нивните ментори како претставници на Училиштето уште еднаш покажаа и докажаа дека високиот пласман и одличните резултати се нивна одлика.