Награди за децата со најдобри творби за осигурување и штедење

Министерството за финансии, Народната банка на Репулика Македонија и Агенцијата за супевизија на осигурувањето денеска ги доделија наградите на најуспешните ликовни и литературни творби испратени на конкурсот по повод Денот на штедењето – 31 Октомври. Наградите ги врачија вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, гувернерот на НБРМ Димитар Богов и претседателот на Советот на експрети на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски.

На конкурсот приситигнаа 310 творби од кои 51 литературни и 259 ликовни. Конкурсот е во рамки на активностите за подигнување на нивото и општата свест за финансиската писменост, вклученост и едукација на населнието, особено на младите. Според организаторите, трите институции, станува збор за креативни и иновативни идеи на децата поврзани со штедењето и осигурувањето. Дипломи и парични награди добија 12-те најуспешни, а беа доделени и пофалници на училиштата кои учествуваа во конкусот.

Вицепремиерот и минисер за финансии Зоран Ставрески истакна дека целта е младите од рана возраст да се научат на финансиските основи кои ќе им требаат и со кои ќе се сретнат и ќе ги употребуваат понатаму во животот.

„Да научат децата како да управуваат со буџетот, како што се трудиме ние за државата да управуваме со буџетот на Република Макеоднија на поголема основа, но концептот е тој и ист, дека мора домаќински да се располага со парите и да се управува со нив на начин кој ќе обезбеди да се искористат за најважните потреби. Но, претходно за да се направи тоа треба да ги имаш, а за да ги имаш треба да штедиш, а исто така и да бидеш осигуран бидејќи има ризици во животот“, рече Ставрески.

Потенцира дека децата се нашата иднина и дека ако ја добијат оваа едукација во рана возаст и знаењето таа иднина ќе биде подобра вклучително и во финансиите.

Според него, дека децата преку конкурсот успеале една ваква сериозна тема да ја преточат во весели и разиграни цртежи и ликовни творби. Важно е, им порача, да учите добро, да бидете истовремено љубопитни и креативни, да читате постојано и да осознавате нови знаења на најразлични теми, не само од учебниците, туку и од другите извори.

Според гувернерот Богов, фокусот на активностите е ставен на младите, бидејќи тие понатаму ќе бидат носители на економијата.

„Тие ќе бидат идните сопственици на фирми, прептриемачи, банкари, директори и колку повеќе ќе научат во своето образоваие толку подобри ќе бидат во иднина“, рече Богов.

Истакна дека целта е да се добијат граѓани кои ќе имаат поголеми знаења за тоа како се управува со парите и кој се опасности демнат во работењето со парите и со финансиските институции, бидејќи информирани граѓани се оние кои знаат да носат добри одлуки.

Климе Попоски од Агенцијата за супервизија на осигурувањето истакна дека раната финансиска едукација е многу важна.

„Ние како клучни институции се грижиме за раната финансиска едукација која претставува долгорочена инвестиција за целото општество и државата“, рече Попоски.

Информира дека Агенцијата две години по ред веќе промовира сооветни едукативни инструменти во насока на описменување и учење на децата.

Најави дека планираат секоја година да промовираат по еден информативен материјал.