Нов пораз за МЗТ Скопје во АБА лигата

Кошаркарите на нашиот првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва на домашен терен во Спортската сала „Јане Сандански“ ја продолжија серијата порази во регионалната АБА лига. Металците вечерва загубија од евролигашот Цедевита со 65:70 (20:12; 14:17; 16:19 и 15:22).

Избраниците на Пипан повторно во последната четвртина го загубија мечот.

На дуелот во СЦ „Јане Сандански“ вечерва најситакнати поединци беа крилото на МЗТ, Ѓорѓе Дреновац со 18 поени, и центарот на Цедевита Миро Билан реализира 14 поени.

Со денешниот успех Цедевита ја продолжи серијата победи во АБА за гостите од Загреб ова беше шеста победа со која остана во трка за највисок пласман во регионалното натпреварување.

Цедевита со десет победи и три порази е на втората позиција веднаш зад лидерот Будуќност, додека МЗТ е меѓу трите последнопласирани екипи со девет порази и само четири триумфи.