Игор Ангеловски официјално именуван за селектор на фудбалската репрезентација

На денешната седница Управниот одбор на ФФМ донесе одлука досегашниот вршител на должност селектор на А репрезентацијата, Игор Ангеловски, да биде именуван за селектор на фудбалската репрезентација на Македонија.

Покрај оваа одлука, на седницата на управниот одбор беа донесени и следните одлуки:

– Беа усвоени извештаите од органите и телата на Фудбалската Федерација на Македонија од есенскиот дел од натпреварувачката сезона 2015/16;

– Се усвои правилникот за лиценцирање на клубови за учество во натпреварувања во организација на УЕФА;

– Беа донесени пропозициите за КУП натпреварувањето во мал фудбал;

– Се утврди предлог буџетот за 2016 година;

– Се именуваше досегашниот вршител на должност селектор на А репрезентацијата, Игор Ангеловски во Селектор на А Репрезентација;

– Се именуваше досегашниот вршител на должност генерален секретар на ФФМ, Филип Поповски во Генерален Секретар на Фудбалска Федерација на Македонија.

На седницата управниот одбор ги потврди и номинациите и добитниците на награди за манифестацијата „Најдобрите во Македонскиот Фудбал“ за сезона 2014/15, кои ќе бидат свечено доделени на 15 декември во Македонскиот Народен Театар со почеток во 19:00 часот.