АВМУ ќе врши мониторинг на радијата и телевизиите со опрема вредна над 800 илјади евра

Денес започна реализацијата на Проектот „Обезбедување опрема за мониторинг на медиумските содржини што го врши Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“. Проектот се реализира како дел од Инструментот за претпристапна помош – ИПА за 2011 година.

Со реализација на проектот се врши набавка на опрема во вредност од 839,608.00 €, од кои 75% се обезбедени преку ИПА, а останатите 25% односно 209,902 € се обезбедуваат со кофинансирање од страна на Агенцијата.

Со оваа опрема технички ќе се осовремени системот за снимање, чување и прегледување на програмските содржини емитувани на радијата и телевизиите и воедно ќе се овозможи во седиштето на Агенцијата, прием на сигналите на сите оператори на јавни електронски комуникациски мрежи кои реемитуваат програмски сервиси.

Проектот ќе го реализира компанијата Ассеко СЕЕ ДООЕЛ Скопје во конзорциум со SALVIOL Svetovanje doo Ljubljana.