Вчера издадени 3.291 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 16.12.2015 издадени се потврди на вкупно 3.291 странски државјани, од кои 1.397 се од машки пол, 712 се од женски, 1.153 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 29 дете кои патува без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.451, Авганистан–962 и Ирак-878

Во периодот од 19.06.2015 до 16.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 345.211 странски државјани, од кои, 191.528 се од машки пол, 56.680 се од женски, 79.057 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.946 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-197.067 потоа Авганистан-84.460, Ирак-42.243, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 16.12.2015 до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 16.12.2015 година до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 16.12.2015 година евидентирани се вкупно 20 баратели на азил од кои девет мажи, две жени, осум деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, четири баратели на азил ( две малолетни лица без придружба на старател и два мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови
15.12/ 21.00 ч. – 16.12 / 21.00 ч.

Табановце

Укажана прва помош на 112 лица
Вода 216 шишиња
Пакети со храна 80
Пакети со хигиена31
Млеко за бебе 4
Ќебиња 285
Пелени за бебе 75
Вреќи за спиење 10
Чоколадно млеко 168

Гевгелија
Укажана прва помош на 345 лица
Вода 2167 шишиња
Пакети храна 228
Пакети со хигиена 23
Ќебиња 318
Бебе сет 10
Пакети прва помош 10
Пелени за бебе 142
Чоколадно млеко 72
Шише за бебе 48
Дистрибуиран чај 380
Дистрибуирана супа 80.