Меѓународен ден на човечката солидарност

Генералното собрание на Обединетите нации, на 22 декември 2005 година, со резолуцијата 60/209 ја идентификува солидарноста како една од основните и универзални вредности што треба да придонесуваат за односите меѓу народите во дваесет и првиот век, а во таа смисла одлучи да го прогласи 20 декември како Меѓународен ден на човечката солидарност.

Со резолуцијата 57/265 Генералното собрание, на 20 декември 2002 година, го основа Светскиот солидарен фонд, кој беше формиран во февруари 2003 година, како фонд на Програмата за развој на Обединетите нации. Неговата цел е да се искорени сиромаштијата и да се промовира човековиот и социјалниот развој на земјите во развој, особено меѓу најсиромашните делови од нивното население.

„Со усвојувањето на Агендата за одржлив развој 2030, светските лидери ја изразија својата решеност да бараат заеднички напредок и просперитет врз основа на духот на глобалната солидарност“. – изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.

Новата агенда е насочена кон луѓето и планетата, со акцент на човековите права и е поддржана од страна на глобалното партнерство за решавање и намалување на сиромаштијата, гладта и болестите, а треба да се гради врз основа на глобалната соработка и солидарност.

WebOhrid