Промовирана стихозбирката „Љубовен занес“ од Митре Мангоски Радождански

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески присуствуваше на промоција на стихозбирката „Љубовен Вознес“ од Митре Мангоски Радождански.

Во поздравното обраќање, градоначалникот Бакрачески истакна дека со ова дело авторот ги направил горди жителите како на Радожда така и на Охрид.

Promocija_stihozbirka_264852

„Преку промоцијата на оваа стихозбирка до мене проструија моменти од моето детство поминати заедно со Митре во Радожда и секако на сите знаменитости што ги имаше во овој дел од крајбрежјето. Денес покрај со пријател од детството јас сум побогат и со еден творец кој со својата поезија враќа спомени од моето детство. Јас навистина немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста кон Митре за сето она што и го дари на Радожда но и она што му го дари на градот Охрид“– рече Бакрачески.

„Љубовен Вознес“ е првата самостојна стихозбирка на Митре Мангоски- Радождански.