Над 116 куќи изгореа во пожарите во Австралија

Над 116 куќи се уништени во пожар во крајбрежниот регион на југот од Австралија, поради што илјадници лица ги напуштија своите домови за време на божиќните празници. 

Во прекин е и сообраќајот на главниот крајбрежен автопат во австралиската сојузна држава Викторија.

За среќа, во пожарите нема жртви, но причинета е значителна материјална штета.

Шумските пожари во Австралија се честа појава во лето.