Доделени плакети на Амбасадорите на македонскиот спорт

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денес свечено им додели плакети на Амбасадорите на спортот Кире Лазаров, Андон Дончевски, Јошко Миленковски и Агим Ибраими.

Титулата „Амбасадор на спортот“ им се врачува на истакнати македонски спортисти и тренери за афирмација и промоција на Македонија во земјите каде што ја градат својата кариера.