Рокот за доставување договор и трансакциска сметка за ученички стипендии е 30 декември

Министерството за образование и наука потсетува дека сите кандидати – добитници на ученичка стипендија во некоја од понудените категории, потребно е да пополнат 3 примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно со копија од трансакциска сметка на име на ученикот, најдоцна до 30.12.2015 година да ги достават во архивата на Министерството за образование и наука, или по пошта на адреса: Министерство за образование и наука, ул. “Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, со назнака “Договор за ученичка стипендија”.

Договорите може да се преземат на следните линкови:

Договор за 400 социјални ученици

Договор за 50 талентирани ученици

Договор за 150 спортисти

Сите дополнителни информации можат да се обезбедат во Одделението за ученички и студентски стандард при Министерството, или на телефонскиот број 02-3140/147.