Општа болница – Охрид доби санитетско возило од Здравствен дом Скопје

Здравствен Дом Скопје за потребите на ЈЗУ Општа болница Охрид, отстапи комплетно опремено со медицинска опрема санитетско возило од Итна медицинска помош.

Од Здравствен дом Скопје соопштија дека ова е резултат на нивната политика за соработка со сите здравствени установи во Републиката со цел за успешно спроведување на здравствена заштита на населението.

Извор: Нет Прес