Триумф на МЗТ Скопје на вечното дерби

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром го доби и второто вечно дерби сезонава. Како гости во Градскиот парк кошаркарите на МЗТ Скопје го победија вечниот ривал Работнички со 86-75 (16-19, 24-24, 17-33, 18-10) во рамките на 12 коло во Првата македонска кошаркарска лига.

По израмнетото прво полувреме избраниците на Јончевски фуриозно ја започнаа третата делница и го најавија триумфот во 60-то вечно дерби во „жешкиот“ Градски Парк.

Со маестралната игра во третата четвртина која МЗТ ја реши во своја корист со убедливи 33-17 металците обезбедија сигурна предност пред стартот на последните 10 минути.

Кошаркарите на Работнички заиграа многу подобро во четвртата делница со серија од 16-5 на две ипол минути пред крајот стигнаа и до негатива од само осум поени, но но најефикасниот поединец на вечното дерби, крилото на МЗТ Скопје Дреновац не дозволи резулатски пресврт и со серија од пет поени го реши прашањето на победникот.

Инаку првиот стрелец на дербито во Парк, Ѓорѓе Дреновац постигна 27 поени, Дамјан Стојановски реализираше 18 поени, а Урош Луковиќ имаше дабл-дабл ефект од 10 поени и 12 скока.

Очекувано кај домаќините Ѓорѓи Чековски постигна 23 поени, а капитенот Мираковски имаше 20 поени и 10 асистенции.