Во октомври просечната нето плата изнесувала 22.213 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, изнесува 102.3.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (34.2%), Административни и помошни услужни дејности (9.3%) и Други услужни дејности (8.3%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (3.6%), Рударство и вадење на камен (3.6%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.1%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2015, изнесува 22 213 денари. Во октомври 2015 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.