Заев новогодишната ноќ ја помина со штитениците во Заводот во Банско

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, по единаесетти пат новогодишната ноќ ја помина со штитениците во Заводот за заштита и рeхабилитација во Банско.

Во прекрасен новогодишен амбиент, скромно и весело поминаа првите часови од Новата 2016 година потврдувајќи го искреното пријателство кое трае повеќе од една деценија.

Градоначалникот Заев од срце на своите пријатели – штитениците им ја честита Новата година и им посака многу здравје и среќа. Тие му возвратија на честитките посакувајќи му исто така многу здравје и среќа и посакаа уште многу нови години да поминуваат заедно.