Загина велосипедист на улицата „Радојца Новичиќ“

Едно лице го загуби животот во сообраќајна незгода што синоќа во 17 часот се случи на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид. Иако веднаш пренесен во болницата „Св.Еразмо“ од здобиените тешки телесни повреди, во болницата починал Здравко Н. (62) од Охрид.

Сообраќајната незгода се случила во момент кога патничко моторно возило марка „VW Пасат“ со охридски регистарски ознаки кое се движело по улицата „Радојца Новичиќ“, движејќи се од Охрид кон селото Долно Лакочереј, преминало на левата коловозна страна и со предниот лев дел од возилото удрил во сега починатиот кој со велосипедот се движел во спротивен правец.

Над Ќ.Н. (53) од Охрид, возач на автомобилот, извршено е алкотестирање при што утврдени се 1,08 % промили алкохол во крвта. Истиот, веднаш е исклучен од сообраќај и со потврда, привремено му е одземена возачката дозвола.

На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на Јавен обвинител и полициски екипи. Врз патничкото возило и велосипедот ќе бидат извршени вештачења како и обдукција над телото на сега починатиот.