Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП во УЗ 4, дел од УБ 4.7, опфат -2, Општина Охрид, плански период 2014 – 2019

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05,81/05,24/07,159/08,48/10,124/10,51/11,123/12,93/13,42/14,44/2015 и 129/15),Општина Охрид, на ден 30.12.2015г. донесе

Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП во УЗ 4, дел од УБ 4.7, опфат -2, Општина Охрид, плански период 2014 – 2019година

За ДУП во УЗ 4, дел од УБ 4.7, опфат -2, Општина Охрид, плански период 2014 – 2019година е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .

Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ ДУП во УЗ 4, дел од УБ 4.7, опфат -2, Општина Охрид, плански период 2014

– 2019година се определуваат следните: Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање и Општина Охрид

За планскиот документ ДУП во УЗ 4, дел од УБ 4.7, опфат – 2, Општина Охрид, плански период 2014 – 2019година, за чија изработка е одговорна Општина Охрид, а го донесува Советот на Општина Охрид,донесувањето на овој плански документ ќе има влијание врз животната срединa.

Обемот на извештајот за стратегиска оцена треба да ги опфати следните аспекти:Влијанието на развојните решенија во поглед на осетливите елементи на животната средина на планираниот опфат(амбиенталниот воздух,бучавата,почвата, флората, фауната, водата и организираното управување со отпадот ),како и анализа на можните негативни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето од спроведувањето на планскиот документ ,како и мерки за нивно надминување. Предметната локација се наоѓа во опфат на просторот заштитен како природно и културно наследство во Охридскиот регион,

Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Охрид на следната веб адреса/и:www.ohrid.gov.mk

Против оваа одлука јавноста има право на жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната .