Усвоена Методологијата за мониторинг на радио и телевизиските програми за време на изборните процеси

Согласно обврската утврдена во Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој стапи на сила на 10 ноември 2015 година, Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на денешната седница ја донесе Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси.

Воедно, беше констатирано дека Агенцијата нема да врши надзор врз изборното медиумско претставување на интернет порталите, бидејќи не постојат предуслови за тоа.

Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување и ставот на Агенцијата можете да ги преземете на следните линкови: