Вчера издадени 2.843 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 05.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 2.843 странски државјани, од кои 1.205 се од машки пол, 572 се од женски, 1.061 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште пет деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.603, Авганистан–897 и Ирак-343.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 05.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 11.766 странски државјани, од кои, 4.868 се од машки пол, 2.465 се од женски, 4.396 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 37 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-5.190, Авганистан-3.954 и Ирак-2.622.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 05.01.2016 година, до Секторот за азил поднесени се три барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на четири малолетни лица од Авганистан.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 05.01.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од страна на мобилните тимови на Црвениот крст, во периодот од 21:00 часот на 04.01.2016 г. до 21:00 часот на 05.01.2016 г. на ГП Табановце и Гевгелија укажана е прва помош и асистенции во голем број случаи, а прибрани се и донации од различни донатори наменети за мигрантите.