Божикна литургија во Соборниот храм во Скопје

Претседателот Иванов заедно со сопругата, Маја Иванова, денеска присуствуваа на централното одбележување на Рождеството Христово – Божик во Соборниот храм „Св. Климент Охридски”, во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан чиноначалствуваше Архиерејска Златоустова литургија.

„На сите верници кои денеска го слават Рождеството Христово – Божик им го честитам овој голем христијански празник со традиционалниот поздрав „Христос се роди- Навистина се роди”. Сето она што го посакувам за себе и за своето семејство им го посакувам и на сите граѓани на Република Македонија – многу радост, многу среќа, многу љубов. Празниците се момент за потсетување и поука, да нѐ поучат дека сите искушенија може да ги совладаме со добри мисли, добри зборови и добри дела, да бидеме добри родители, добри соседи и добри граѓани на Република Македонија, да си простуваме и да се почитуваме и така да ја воздигнуваме и Македонија и македонскиот народ”, истакна претседателот Иванов.

На бадниковата вечер, паричката се падна кај сопругата на претседателот Иванов, Маја Иванова.