Донесени 59 решенија по спроведена дисциплинска постапка против вработени во МВР

Во текот на месец декември, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 59 решенија против 59 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 2, 3 и 4, член 207 став 1 точки 1,2,4 и 8, член 208 став 1 точки 1,3,4,10,11,12,14 и 20 и член 209 став 1 точки 3,4 и 5 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 46 вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на пет вработени – мерка „писмено предупредување“, на четири вработени – мерка „запирање на постапката“, на двајца вработени – мерка „распоредување“ и на двајца вработени – мерка „отказ“, а станува збор за:

Водич на безбедносен реон во ПС ОН Свети Николе, СВР Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (пред да ја утврди фактичката состојба, од негова страна била спроведен постапка за порамнување и бил изготвен платен налог по член 11 став 1 од ЗППЈРМ, наместо по член 11 став 3 од истиот закон);

Полицаец во ПС ОН Битола, изречена и е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (не пријавила и не го предала кај сменоводителот мобилен телефон, што и бил предаден од такси возач);

Командир во ПО за БПС Струга, СВР Охрид, изречена му е мерка „запирање на постапката“ (неутврдена одговорност);

Полицаец во ПС за ГН Гошинце, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „запирање на постапката“ (неутврдена одговорност);

Полицаец во ПС за ГН Гошинце, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (кај него се пронајдени предмети кои потекнуваат од Прифатниот центар за странци);

Полицаец за БПС во Одделение за БПС, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (не бил на работа, а со полициска униформа влегол во казино);

Помошник командир во ПС ОН Берово, СВР Штип, изречена му е мерка „распоредување едно ниво пониско“ (во работно време, во униформа влегол во угостителски објект);

Полицаец во ПС ОН Кичево, СВР Охрид, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за пет месеци (во својство на сведок дал лажен исказ пред Основниот суд Кичево);

Полицаец во ПС за ГП и ГН Богородица, РЦ за ГР Југ, изречена му е мерка „запирање на постапката“ (поради неможност истата да се спроведе. На работникот, работниот однос му престанал поради донесување на правосилна пресуда, со која е осуден на казна затвор повеќе од 6 (шест) месеци);

Полицаец во ПС ОН Ѓорче Петров, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (неоправдано применил физичка сила врз младо лице);

Виш референт-самостоен техничар во ОЗР, СВР-Куманово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (не почитувал наредба на старешината на начин што остварил прекувремени работни часови, без да извести старешина);

Помошник командир на ПСОН-Бит Пазар, СВР-Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (вербално се расправал со друг Полицаец за време на работа);

Водич на безбедносен реон во ПСОН-Бит Пазар, СВР-Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за четири месеци (вербално се расправал со помошник командирот и не му овозможил да изврши контрола во евиденциите кои ги води);

Полицаец во ПС за ГН-Танушевци, РЦ за ГР-Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (додека извршувал работни задачи како обезбедување на прифатниот центар за странци, дозволил да побегне лице странски државјанин);

Полицаец во ПС за ГП и ГН-Меџитлија, РЦ за ГР-Југ, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (со цел да го оправда своето отсуство од работа го злоупотребил боледувањето);

Полицаец во Единица за ЈРМ и интервенции, СВР-Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (со вулгарни зборови навредувал полициски службеници кои вршеле обезбедување на спортски натпревар);

Полицаец во ПСОН-Свети Николе, СВР-Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (направил погрешна квалификација на прекршок и издал погрешен платен налог);

Полицаец ПСОН-Свети Николе, СВР-Штип, изречена му е мерка „ писмено предупредување “ (направил погрешна квалификација на прекршок и издал погрешен платен налог);

Инспектор за превенција во ПО-Галате, СВР-Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (не постапил по наредба на стрешина и не присуствувал на работен состанок);

Полицаец во ПСОН-Ресен, СВР-Битола, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (не се придржувал кон наредбата за вршење служба и истиот при контрола не бил затекнат на предвиденото место);

Командир на ПС за ГП и ГН-Стење, РЦ за ГР-Запад изречена му е мерка „распоредување едно ниво пониско“ (ја злоупотребил службената положба и овластување така што имал сознанија за премин на државната граница од страна на лица кои имаат двојно државјанство а живеат во Р.Албанија, а кои со трактори превезувале сено за ранење на стоката, мебел и други материјали, не презел мерки за спречување на истото);

Полицаец во ПС за ГП и ГН-Стење, РЦ за ГР-Запад, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (го пречекорил даденото овластување и без да го евидентира тракторот и лицето кое го управува, како и без да изврши проверка на истите, дозволил да остварат излез од РМ);

Полицаец во ПС за ГП-Аеродром Александар Велики Скопје, РЦ за ГР-Север , изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (не побарала критичниот ден кога го започнала боледувањето, да биде опфатен во Извештајот за привремена спреченост од работа);

Полицаец во ПСОН-Крива Паланка, СВР-Куманово, изречена му е мерка „отказ“ (за себе прибавил против правна имотна корист);

Виш инспектор за превенција во ПС ОН Битола, изречена му е мерка „отказ“ (неоправдано изостанал од работа три последователни дена);

Полицаец во Одделение за обезбедување а резиденцијални објекти и други објекти од државен интерес, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (за време додека извршувал работни задачи од делот на обезбедувањето не излегол веднаш штом ги забелажал колегите);

Полицаец во ЕБР, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (учествувал во нарушување на јавен ред и мир);

Полицаец од ПС ОН Драчево, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (не учествувал на гаѓање);

Полицаец од ПС ОН Драчево, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (не учествувал на гаѓање);

Полицаец во Одделение за обезбедување на објекти од посебно значење, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (доцнел на работа);

Полицаец во ПС ОН Струмица, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (во униформа седел во казино);

Водич на безбедносен реон ПО за БПС Кочани, СВР Штип, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (патувал во странство без одобрение на непосреден старешина);

Полицаец за БПС Одделение за БПС, СВР Скопје, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (не доставил писмено известување за привремена спреченост за работа);

Полицаец за БПС Одделение за БПС, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (не санкционирал лице кое сторило сообраќаен прекршок);

Полицаец за БПС Одделение за БПС, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (не бил затекнат по време и место предвидено во наредбата за вршење на служба);

Полицаец за БПС Одделение за БПС, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за четири месеци (работните задачи ги извршувал без соодветна опрема);

Полицаец за БПС Одделение за БПС, СВР Скопје, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за четири месеци (работните задачи ги извршувал без соодветна опрема);

Полицаец во ПС за ГН Рогачево, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (бил неуреден во поглед на носењето на униформата);

Полицаец во ПС за ГН Рогачево, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за два месеци (несовесно ги извршувал работните обврски);

Полицаец во ПС за ГН Гошинце, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (поради невнимание дозволил да избегаат двајца странски државјани од Прифатниот центар);

Полицаец во ПС за ГН Рогачево, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (го напуштил работното место);

Раководител на смена во ПС за ГН Рогачево, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (го напуштил работното место);

Полицаец во ПС за ГН Рогачево, РЦ за ГР Север, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за еден месец (го напуштил работното место);

Полицаец во ПС ОН Куманово, СВР Куманово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (избегнувал лекарски преглед заради утврдување на работна способност);

Помлад инспектор за општ криминалитет во НК за КР Гостивар, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (ненавремено изготвувал Записници за извршен увид на обезбедено место на настан);

Помлад полицаец во ЕБР, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (испукал куршум со маневарска муниција без дозвола на претпоставениот старешина);

Самостоен полицаец во ЕБР, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (натерал лице да прави 20 склекови пред други лица);

Полицаец во ЕСЗ, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за шест месеци (учествувал во нарушување на јавен ред и мир);

Полицаец во ПС ОН Тетово, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за еден месец (го напуштил работното место);

Полицаец во ПС ОН Тетово, СВР Тетово, изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за еден месец (го напуштил работното место);

Полицаец во ПСОН-Охрид, СВР-Охрид, изречена му е мерка „Запирање на постапката“ (неутврдена одговорност).