Писмо: Еколошка заштита на источниот брег на Охридското Езеро

Почитувани граѓани на Охрид, Струга и Дебрца почитувани претставници на централната власт од РМ, почитувани претставници на локалните власти на Охрид, Струга и Дебрца

Почитувани медиуми , независно кому му припаѓате, државни или приватни, ТВ , радио или печат

Охридското Езеро со неговото сливно подрачје претставува голем економски потенцијал за Централната власт од РМ, како и локалните власти од Охрид, Струга и Дебарца

-Охридско Езеро со вкупна површина од 358км2 и водена маса од 58км3 вода

-Годишно производство на електрична енергија од 500 милиони киловат часови преку централите Глобочица и Шпиље

-Езерска обала од преку 50 км за развој на езерскиот туризам со можност за изградба на најсовремени хотели каде еколошките критериуми за заштита на охридското езеро со неговата флора и фауна ќе биде на европски и светски стандарди

-Огромна можност за развој на спортскиот риболов поврзан со езерскиот и алтернативниот туризам

Доколку сакаме овие економски вредности на Охридското Езеро долгорочно останат во една стабилна ситуација а ние како држава или локална власт континуирано односно рамномерно ги користиме во текот на една цела календарска година неминовно е:

-Планината Галичица да се пошуми до највисоката нејзина кота, и истата располага со огромни шумски зелени појаси со кои ќе се створат услови сите подземни води, извори и реки кои се дел од Планината Галичица а се влевваат во Охридското Езеро бидат активни во текот на целата година

Познавајќи ја Галичица како каменлива и варовита планина не дозволува сите води кои се нејзин производ а се вливаат во Охридското Езеро да им се промени нивната РН вредност односно станат закиселени води.

Неминовно е овој природен феномен на Галичи да се сочува и што повеќе искористува а со тоа ќе се заштити и одржува во една стабилна ситуација езерската флора и фауна односно растителниот и животинскиот свет во самото езеро.

Што повеќе сливни води во езерото од подземјето на Планината Галичица се ствараат огромни услови за неутрализација на другите води кои се вливаат во езерото од другите места на сливното подрачје од Охридското Езеро а имаат можност за променлива РН вредност на нивната вода оносно доаѓа до нивно закиселување.

Денес во светот се даваат огромни финансиски средства односно се ствараат природни услови сите оние води кои се вливаат во природните или вештачките езера се пренасочат да го промената своето течение и принудно поминат низ карпести и варовите планини за да ја сочуваат својата РН вредност во неутрална состојба а со тоа и не дојде до нарушување на флората и фауната во водениот еко систем во кој тие се влеваат.

Галичица да ја оставиме целосно да се пошуми, да не се посекува, да не ја оптоваруваме дополнително инфраструктурно и изградба на огромни планински домови и спортски центри.

Галичица да остане како Национален Парк богат со флора и фауно и ќе биде голем заштитник во опстојувањето на Охридското Езеро со неговата флора и фауна кој од 1980 год. е под заштита на УНЕСКО.

Сливното подрачје на Охридското Езеро во месноста Радомирово , Козикамен, Славеј Планина, Алипашица и Црвеномлаче има идеални услово за развоја на спортскиот риболов алтернативниот туризам со изградаба на елитни туристички населби и современи спортски и скијачки центри.

Пошумувањето, еколошката заштита и оставањето на Планината Галичица што поприродна се ствараат огромни услови за развој на излетничкиот туризам а опстанокот и загрозеноста на Преспанското Езеро од негово исчезнување ќе биде само минато.

На источниот брег од Охридското Езеро да се подигнат заштитни зони во кои ќе се развиваат, преживуваат и опстојуваат припадниците на езерската флора и фауна и заедно со наколните живеалишта претставуваат најпосетени туристички места на Охридското Езеро.

дипл. инж. агроном, независен екологист Охрид, Лазо Наумоски

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.